Производи

Видови вина

Винарија Тристо ДООЕЛ Велес произведува четири видови вино, и тоа: „шардоне“, „шардоне барик“, „розе“ и „каберне совињон барик“.

Винаријата располага со најсовремена технологија и услови за производство, односно со контролирани услови на температурата и присуството на кислород. При производството грозјето не се пресува, ширата од која се добива виното се одвојува ислучиво како самоток. Ферментацијата се одвива во инокс-цистерни на зададени температури. Виното, кога не е складирано во дрвени буриња, секогаш е во инертна средина во атмосфера на азот (N2).

Винарија Тристо ДООЕЛ Велес исто така произведува и младо вино од сортата „шардоне“ и на секои неколку години, и од сортата „розе“. Младото вино се става во промет од средината на месец ноември, по третиот четврток во ноември, па сè до крајот на месец јануари, следната година. Виното „шардоне“ се преработува и станува подготвено за пакување во шишиња пред летото наредната година од производството.
Виното „шардоне барик“, во текот на месец март, се става во дабови буриња во кои стои помеѓу 6 и 9 месеци. По овој процес на „барикирање на виното“, тоа се пакува во шишиња и стои најмалку 6 месеци во шише, а потоа се пушта во продажба.
Виното „каберне совињон“ се произведува исклучително како барик. Виното стои во дабово буре 1-2 години. Виното „каберне совињон барик“ мора да стои во шише минимум шест месеци од неговото пакување. Дабовите буриња се од српско или од француско потекло.

Виното се произведува исклучително од сопствено произведено грозје. Виновите насади се наоѓаат околу винаријата, така што од бербата на грозјето до преработката не изминуваат ниту 30 минути.
Винаријата е класично шато-винарија, односно винарија во лозје.
<< 1 2 >>