Световен празник Свети Трифун

Винските региони во Македонија со голема почит го чествуваат празникот Свети Трифун – светецот-патрон на градинарите и винарите, кој се совпаѓа со денот кога западните земји го прославуваат денот на љубовта – Свети Валентин. Денот на чествување на Свети Трифун се совпаѓа и со почетокот на сезоната за закројување на лозјата во февруари. Оттука, прославата на овој ден го означува и почетокот на производната година на грозје и вино.

 

Во име на светецот-патрон на винарите и од љубов кон виното, Винаријата „Тристо“ го прославува празникот Свети Трифун на 14 февруари, во дружба на своите соработници, клиенти, пријатели и членови на семејството. Со благослов за плодна година, лозарите ја спроведуваат оваа световна традиција на закројување на лозјата со помош на свештените лица од Повардарската епархија.

14.2.2016