Производствен капацитет

Во јули 2007, Винарија ТРИСТО извоз-увоз ДООЕЛ Велес е и официјално етаблирана на листата вински произведувачи во Македонија. Првите произведени вина во винаријата „Тристо“ се белото, суво „шардоне“ и црвеното, суво „каберне совињон“ во количество од околу 300 литри на оваа скапоцена и вкусна напивка. Оттогаш винаријата продолжи со својот растеж и развој по нагорна линија. Денес моменталниот капацитет на нашата винарија изнесува околу 30,000 литри вино, а произведува 15-20,000 шишиња. Винаријата „Тристо“ исто така поседува и капацитет за зреење на виното во дрвени буриња во количество од 17.000 литри. Лозните насади се распространети околу малечката градба која потсетува на сказнолик француски замок, а е еднакво посветена на уметноста на правењето вино и на гостопримливоста, на површина од над 3,5 хектари мошне плодна почва, огреана со сонце, култивирана со многу љубов, врвна стручност од областа на правењето вино и витикултурата, како и во согласност со највисоките земјоделски стандарди.

Од унапредувањето на одгледувањето квалитетно грозје во лозовите насади, зреењето во дабови буриња, прецизноста при обработката на земјиштето и зачувувањето на природните ресурси при разновидните земјоделски потреби, како и создавањето нови возбудливи искуства за посетителите на нашата малечка винарија, „Тристо“ го одржува својот неумолен порив за подобрување на секоја берба и производ.