Пријатели и партнери на винаријата

Во текот на годините на развој, производство и продажба на вината од асортиманот на Винарија ТРИСТО извоз-увоз ДООЕЛ Велес, нашите патишта се вкрстија со мноштво прекрасни луѓе – љубители на виното и професионалци во областа, кои во континуитет нè придружуваат како пријатели и деловни партнери долж патот кон реализација на нашите професионални стремежи и соништа.