Наследство и традиција

Република Македонија – малечка, но живописна земја опколена со копно – произведува вино уште од древните времиња. Во текот на римското владеење, Бахус – римскиот бог на виното (Дионис во грчката митологија) бил чествуван со специјални прослави кои се одржувале двапати годишно – раскошни баханалии, славејќи го на тој начин Богот на грозјето, сладострасниот живот, плодноста и виното. Ова е само една сликовита илустрација на начинот на изразување највисока почит кон оваа скапоцена гроздова напивка натопена во изобилна сончевина, од страна на луѓето од тие древни времиња, а кои потекнувале од сите општествени слоеви.


Во периодот на отоманското владеење во Македонија, производството на вино било одржувано и очувано во македонските манастири. Во денешно време, одгледувањето лозови насади како вековно долга традиција е зачувана преку обичаите, како и во секојдневниот живот на луѓето населени по винските региони во Македонија.