Добредојдовте

Добредојдовте во родното место на македонското вино

 

Република Македонија е мала земја, облеана со изобилна сончевина, која претставува природен крстопат на Балканот. Во текот на минатите векови, таа била освојувана и управувана од бројни владетели и големи империи кои биле фасцинирани од нејзината блага, но дарежлива и лична природа. Карактеристичната констелација на климатските услови и топографијата, кои ѝ го даваат специфичниот вкус на секоја капка вино произведена под ова сонце, ја дарува земјата со идеална почва за производство на најскапоцените капки од ’пијалакот на боговите‘, со арома на овошје узреано под раскошните сончеви зраци во текот на годината на нежно скалестите лозови насади на надморска височина помеѓу 200 и 400 метри, кои леко се спуштаат кон нивото на речното корито во Повардарјето.

Потсетувајќи на регионот Бордо во Франција или, пак, на тосканските предели во централна Италија, климата на Република Македонија претставува идеален спој на медитеранската клима која продира од југот, на континенталните ветрови кои навлегуваат од север, како и на планинската клима. Како резултат на природата на овие комбинирани влијанија и климатската модификација, но и на богатиот топографски релјеф и почва што изобилува со карбонати и минерали, вината се дарувани со интензивна, комплексна арома и раскошна боја – карактеристики кои ја потенцираат уникатноста на македонските вина.