Вински туризам

Вински тури

 

Без оглед дали сте прекален вински ентузијаст или само некој којшто би сакал да научи повеќе за виното и за неговото производство, нашата винарија нуди по нешто за сечие задоволство и разонода. Да се вкусат нашите вина значи да се вкуси дел од оваа – со сонце огреана – почва која ги потхранува во своите пазуви најквалитетните вински сорти на грозје, селектирани со врвна витикултурна експертиза. Кога ќе пристигнете на имотот од винаријата „Тристо“, ќе се најдете опкружени со хармонична пејсажна глетка на скалесто нанижани¢ лозови насади кои веруваме дека и понатаму ќе останат идеална визуелна илустрација на вкусот на нашите вина кои ќе ги понесете на заминување оттука, а со сигурност ќе бидат причина за Ваша нова посета на винаријата – одново и одново.


Винаријата „Тристо“ нуди организирано разгледување на подрумите, како и дегустација на вината во пријатно опремена и софистицирана сала за дегустација, каде што нашиот тим на експерти ќе Ви помогне да ги отстраните сите дилеми, несигурности и забуни кои се јавуваат при избор на едно вино.

Винаријата располага со сала и тераса за дегустација. Капацитетот на гости е до 22 лица со седење и 40-50 лица за коктел-дегустација. Винаријата не приготвува храна на самото место, но ја набавува од локалните ресторани. За содржината на храната и видовите менија, потребен е претходен договор, при што може да се одбере широк асортиман на менија.


Пред реализација на винската тура и дегустацијата на вината од Винарија „Тристо“, Ве молиме за претходна најава и резервација на Вашата посета, со помош на компетентна личност – претставник на винаријата. Ја имате нашата гаранција дека секоја капка вино која ќе ја вкусите во салата или на терасата за дегустација претставува апсолутно најдобар квалитет и вредност, овозможувајќи Ви на тој начин незаборавен вкус и искуство.


Винаријата „Тристо“ отсекогаш негува силна посветеност кон квалитетното производство на вино, притоа овозможувајќи забавно и едукативно искуство за секого.